милен (прид.)
Биди силна! Ти изгуби, о мајко, џин! Народните ќе пеат колена со уста милна за делата на твојот син.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна, радосен ќе ми те баци . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Извајана е амазонската нејзина става: вистинска личота милна.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ти изгреваш на далеку — да ли еднаш ќе изгрееш силно, силно, дури милно над долови и над гори над полиња и над реки над мојата татковина?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Се сеќаваше Бојана за сѐ, за сѐ. Слатка струја ја опијануваше и ја исполнуваше со неискажаната милност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како булка в мајско поле, како сончев зрак што грее, така милно, така вишно родно знаме шуми, вее.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Од милност срцето ми се отклопи Се отвори, се смири, се истопи Во тага блажена и почна да свети Низ молитви, псалми и сонети Меѓу ангелите засонети Во небото засолнети.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Помалото внуче го вклучува струјното коло поврзано со кваката и милно прашува: - Молам? Дедото со врисок ја отвара вратата: - Ѓаволче!
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Дури и Рафаел го губи, цртајќи ги нацртите за фреските за ватиканската Stanza, трпението за милност и достоинство кои и нему му стануваат напорни; во приказот на потопот се гледа склоност кон апстракцијата, радост и уживање во храброста, во насетената снага да се совлада не само убавината туку и Горгона, она стравичното.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дотолку подобро. И за него ќе сочувам милност.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Рене минуваше низ градината. Беше лето; зевалиците ја нишкаа небеската синевина, ружите цутеа, милно потсечени.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„Зарем не гледаш колку те сакам?“ му рече милно земајќи му ги двата образи во своите скоро горешти дланки и потпикувајќи се во него како да го посакува како никогаш порано.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во аглите на сликата, од едната и од другата страна над портретот, беа исцртани два детски лика, со прозрачни ангелски лица, со небесна благост во очите и милност во умјасот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ми беше мило во душата, како да слушав Божји глас и ангелско пеење... Бев исполнет со убаина и милност...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Многу милно ми рече „чао". Можеби ми рече и нешто друго.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Милно изобилство. Независно од количеството. Од устието. Уживам да ја гледам на куп.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Милно се смешкаат. Постојано одмерено говорат нешто фино, двосмислено.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Фимка, силно држејќи го коњот за узда и гривна, милно и молежливо му шепоти и полека, скоро притисната на неговото ребро, го води по патеката што виси над мрачната бездна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)