мирис (м.)

Тешко е, мачно, страшно е В твоата земја таткова дека за прв пат солнцето со радост те огреало, дека за прв пат ваздувот со мирис благ те запоил, дека за прв пат земјата со слаба нога нејака си ја згазил и проодил – да тлееш и да гаснееш, како на црна туѓина, и да те враг, нов сајбиа, земјата што ја заграбил, напреки гледа секога.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Носеше мирис на питомо цвеќе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тука лежела таа, гола и жедна нива, и чекала да ја оплоди, да ја осмисли во нејзиното постоење, а тој, чувствувајќи го нејзиниот мирис повеќе од свест отколку со сетила, ги одморувал своите дланки на сомотски врелиот стомак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во таа соба ниска и непроветрена, по мирис ја сети тешката рана.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зашто мирисот што таа го носеше со себе ги покри тогаш сите мириси на летото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе слезам од воз и ќе побрзам низ село до куќата на Капсула. Патот ми е познат, и по слики, и по мириси, и по звуци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше топла и носеше мирис на мека постела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Летав носен кон бездни, кон неизвесност;зад мене не остануваше ништо освен мртви приказни згрчени призрачно под мрак, удавени во досаден мирис на етар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гласот надоаѓа како бран, се напнува и плиска, се разлева во него широк мирис на темјан и луди треви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не го чувствува остриот мирис на згниени дуњи, ни дебело напластениот прав по расфрланите кошници, куфери, вази, книжни цвеќа, порцелански чаши за пиво, распукан будилник, картонени кутии, скршен глобус, парчосани географски карти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сети за миг на своето тесно собиче со илјада мириси и на острите колкови на својата љубовница и не стаса да стане крик и плач.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дваесет години изневерени мечти, гладни дни и копнежи, копнежи по светлата, мирис на мугра... Сѐ заедно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговата зачуденост удри на крстост на каква не беше свикнат во канцеларијата со опор мирис на нешто непознато од што душникот му се сушеше до корен. „Јас сакав само да јадам“ , рече Отец Симеон. „Сфаќаш ли - леб? Само леб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од овој мирис тој не чувствува болка во грлото, ни студ во собата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носови да го сетат лошиот мирис... само тоа. Што можеме ние друго?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Останува само нешто во душата - мирисот на цветовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сопственикот на немирните раце лежи ничкум, неговата небричена брада втонува во ископаната земја и усните ја допираат нејзината студенина и мирис на нешто гнило му се вовлекува во дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Шарените цвеќиња шират волшебен мирис.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе