натраплив (прид.)
Поарно е сосем да ги спушти капаците и непроѕирната розикава завеса нека го сокрие од натрапливите очи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дури и облеката на љубопитникот му ја знаев. И натрапливоста. И додворливоста на насмевката..
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јас го прекинав: - Мислите дека можело да се случи сѐ да било поттикнато од желбата на мајка ми, а тој, командантот се нашол затечен, или му недостасувале сили и умеење да ја избегне нејзината натрапливост?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Пред тоа одмерено кажување исчезнаа за час натрапливите слики. Кочо ги раствори широко очите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Стига да ни намигне од далеку Таа натраплива заводничка, победата, И стрелката на часовникот ќе из'рти од коренот на времето Ќе блесне заслепувачки знакот, белегот, зборот - Високиот неодминлив крајбрежен светилник!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)