носи (несв.)
Сакиј ден носеше ѝ корење от тија што јадеше сам и нагледуваше ја.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Тогаи ќе да се јави честниј крст от небо, ангели ќе да го носат и ќе да го постават на това место дека бил Христос распјат.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
И носеше турли турли халати на мучение: сабли, стрели, маздраци, брадви, коси, српови, ражни, пили, секири, тесли, брадви и вадици и другии сечива што ги никој не знае.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
А Неда, носејќи го на раце лесниот товар, силно офкајќи, се качи по ретките високи скали, гологлава... Нова стихија разнесе плачој.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Но, на рамо вие го носевте сина ми довде, голем пат вие сте прошле . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Се носеше коњот по желба на силниот вјавач, виткав ко змија на оган; пробиваше пат, спасувајќи на херојот глава - зашто го сакаше многу.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И кажи ми што ти носиш в од козина торба? Дали суха од хлеб кора и лејка за вода? * *
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Али нему ја не можех душа да му дадам, станах, каних два-три попа, збраха сја роднини, дојдоха и познајници, врстници- момчета, кренаха го на носила, носат го на рамо; и на гробиштата тамо поп молитва пеја, па го од носила зеха, пуштиха го в гробот...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Никако не му даваше рака на дуовникот за да го носи Силјана со себе на Божи гроб, чунки сакаше да арчи пари за него повеќе отколку што му чинеше ругата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Многупати татко му го поучуваше со кротко, до колку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргне Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Словени се викале и Србо-Хрватите. Имињата Срби и Хрвати се носеле од малечки јужнословенски групи и биле племенски, а се сториле народни само кога нивните носители, т.е. племињата Срби и Хрвати образувале големи држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
При основањето го носи патронатот на Климент Охридски, а од 1903 г.(со „Уставот”) на Кирил и Методија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Причините за ракополагањето на Фирмилијана уште еднаш јасно ќе ни покажат каква несреќа за нас Македонците е носењето на името Бугарин.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Еве што пишува професор Герман Леви во специјалната студија за
„Монополите, картелите и трустовите“ според податоците за економскиот развиток на Велика Британија:
„Во Велика Британија токму големите размери на претпријатијата и нивното високо техничко рамниште ја носат во себе тенденцијата кон монопол.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Империјализмот е епоха на финансискиот капитал и на монополите, кои насекаде носат стремежи кон господство, а не кон слобода.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Или, ако воопшто нема приход, се привлекува нов капитал, кој, откако ќе се соедини со стариот, помалку доходниот, сега веќе ќе носи доволно приходи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Милувам, да си како бел цвет, како бел каранфил! Само на срце да те носам! Само на уста да те имам!... (Ја прегрнува).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СИМКА: Чувај се од студ, од мраз, Костадине! Фанела да си носиш.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СЛАВЧЕ: Можам, можам, баче Костадине! Можам, да носам вар, тули...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СПИРО: (Со тонот на чорбаџи Теодос.) Лесно се носи лесен ум.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)