полномошник (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Полномошник на странката може да биде: 1) адвокат; 2) лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и 3) роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар – доколку е потполно деловно способен (чл. 81, ст.1 од ЗПП).
        
      
    
    
    
      „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
         од Димитар Апасиев 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А подоцна, по иницирањето на  ваквата постапка, тој и работниците кои останаа без работа беа  застапувани од полномошници надвор од синдикатот.
        
      
    
    
    
      „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
         од Димитар Апасиев 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
        
      
    
    
    
      „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
         од Димитар Апасиев 
        (2011)