попис м.
пописен прид.

попис (м.)

Тоа беше и главната причина за влегувањето на оружените нивни чети во ерата на пописот на „нуфузите” во Македонија, особено кога веќе требаше да се воведат предвидените Мирцштетски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И уште ми кажува дека треба да извршиме попис на луѓе и на добиток, на живо и на мртво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
5. Лежам така и си правам попис на животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Според податоците требало да има – шеснаесет кози. По пописот една од козите се ојарила...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
– Се разбира, дете мое, ние не убиваме кози. – Нема да ги одведете со вас? – Не, не, само ќе извршиме мал попис! – заврши шефот и го погледна вториот член од комисијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Започна големото исчекување. – Попис, попис, попис! – се огласи едно утро низ Козар маало, низ градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пописот е прилично долг. 4Знаете, секогаш постои некој друг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но тој веќе го знаеше остатокот од пописот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора да се подготви стратегија за да се спречи понатамошната ескалација на насилството, која ќе вклучи менување на проблематичната Преамбула на Уставот, суштинска децентрализација на земјата, попис кој ќе се спроведува со меѓународна помош и предвремени избори“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште во 1689 година историските белешки спомнуваат 4000 Евреи, жители на Битола, број идентичен како и во пописот од 1890 година.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бара прецизни пописи на населението од критичната категорија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Епизодата на пописот на козите е навистина антологиски извадок, а во исто време, постапката да се измами едно население е толку монструозна, во името на наводниот прогрес, лишувајќи ги овие животни од живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од 1 до 15 ноември 2002 беше спроведена најголемата статистичка операција пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 14 ноември 1994 беа соопштени резултатите од пописот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во оваа година беше извршен и попис на населението според кој во Македонија живееле 1.304.514 жители.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како ревносен магационер правеше попис на неговите расположенија, нијансите во неговиот глас кои без грешка откриваа дали зборува со маж или со жена, кога некого одбегнува, дали и колку лаже или само крие.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како извршно средство, поради празната и блокирана сметка на Радиото, се користеше попис и проценка на имот со заплена на движни ствари [res mobiles].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога директорите дознаваат дека извршителот ќе прави попис и проценка на имот и заплена на движни ствари (res mobiles) како извршно средство, конечно ја 276 исплаќаат севкупната сума што ѝ ја должат по сите основи – како за главното, така и за споредните побарувања. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе