пре (преф.)
За локалните тука беше неуништивиот козар Чанга, прекален во многу битки за спасување на козите во и по војната.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Социјабилноста во Хундертвасеровите проекти е препознатлива не само во инсистирањето за повторно воспоставување на „троединство“, акционистички тип на станоизградба, оставањето на волја на станарите да ја (пре)уредуваат својата околина, еко-димензиите во неговите проекти, туку и во тоа, со максимално зголемување и функционализација на јавните површини во зградата, да се предизвикаат социјални контакти помеѓу станарите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во таков случај детското одбивање на храна парадоксално треба да биде сфатено како начин на којшто субјектот се пресметува со сопствената желба во поглед на мајчинската љубов.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А преостанатите ги преобраќаа во атеистички музеи, во музеи на материјализмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Братот лекар сакаше да ме предупреди, но со сестра ми излезе во друга соба.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А таа ги беше наслушнала, беше ги препознала неговите чекори од далеку.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа нема да биде вистински егзил, префрлање на другиот брег за да се продолжи подоцна кон Америка, кон Австралија, кон Азија, каде што заминаа многумина, засекогаш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ако заштитното друштво не ги исполнува пре- двидените услови за поседување на тој статус во период до 90 дена, пропишано е дека нема да го загуби овој статус, но, при тоа не смее повеќе од три пати во последователни две години да го наруши минималниот процент на инвалидни лица или да падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)