старата (ж.)

И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На крај, дошла и старата негова. И нејзе ѝ вели: „Да простиш, стара, направив малку аџамилак“.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
— Повели, невесто, едно здравоживо од старата. Повелете на госје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толку ѝ се намиле ова дете. А Крчо пак, инстинктивно ја почувствува оваа љубов на старата и само се умилкуваше околу неа како маче околу мало дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ништо друго, ќе го води аргатин со себе во Ќесендра и по прилепско битолските полиња, и како да е, тие двајцата белким ќе го вадат лебот и за старата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Голем да пораснеш! - му рече старата, му подаде столче да седне и праша: - Од далеку идеш? - Од Мацково, дури од Караорман - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Старата ги пронајде тепсиите, ги зедоа и тргнаа дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги симнаа на брзина дисагите, ги преброија жолтите, ги тргаа белите со кантарчето, и Јован ги поведе коњите, нарачувајќи му на Толета и Митра, „ако не се врата, делот мој, троа потроа да и го дадите на старата, да и прерани децата“. И се изгуби во темницата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Старата ја отвори вратничката но во тој момент се исправи пред мајка си Толе и му се овргали на Муарема.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зар не ја знаеш онаа, старата? Тргнал некој слеп на питање, та попат го сретнале некои мажи и го прашале: а бре, кој ти ги извади очите? Брат ми, - рекол слепиот. Е, затоа ти се ископани толку длабоко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како е, потпрашуваше старата, а во гласот потреперуваше надевањето дека не е полошо од вчера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Старата чекаше да слушне од него какво варилце да зготви за ручек, а можеше патем да пропере некое алиште или да ја фати метлата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Стариот железничар ги прередуваше ќерамидите за нови дождови и ништо не довикуваше на старата, гледајќи ја како се испиња по за’рѓената шипка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Се навикна ли на мајка му и татко му? - старата удираше право во срцето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Може да влезам? - рече Елена. - Како не, повели - рече старата како без волја, се истави од вратата и ѝ направи пат на Елена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зборуваше само натрапникот, зборуваше сѐ едно исто, упорно обраќајќи ѝ се на старата со „братучедо”,додека на Ване не му светна дека овој мора да е младиот Курназ, ама не можеше тоа да го провери, зашто не му го знаеше ни името ни презимето, а со прекарот беше ептен некултурно да му се обрати.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што можеше Сандри да ѝ одговори на старата, кога и самиот го знаеше тоа, а ги беше предвидел нејзините зборови уште пред да стапне на прагот од нивната куќарка?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но потоа, старата го распрета огништето и се обиде да го свари кафето откако претходно ги истолчи печените зрна со ќускијата за слануток.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кочо се колебаше. Се сети што го помоли старата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе