уплашен (прид.)
ИЛИЈА: Таа толку беше уплашена да не беше во сознание!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Ех, -присторе дедо Бошко уплашен дека овој сака да го наведе на зло.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Дико се направи уплашен.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кокошките на патот рипаа од место кревајќи облаци прав, а зачудените луѓе зад нив, уплашени, погледнуваа по улицата нагор чиниш да видата дали арамијата сега по нив не влегува в село.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Над класјето успано летна уплашена птица и малото тело се гушна во нивниот спокоен дах...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Луѓето што пристигнаа потоа - истите оние што со насмевка забиваа анџари во човечки срца - стукнаа уплашени и збунети.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Влегува Методи. Сиот уплашен. Во рацете носи некаква хартија.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
МЕТОДИ: (Уплашен, збунет, тажен, го зема писменцето и тешко, бавно, трга кон излезната врата.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Уплашен мој. Ти си бил понесреќен и од мене.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
И тројцата се гледаа зачудени и малку уплашени: лицата им беа пожолтени како штотуку станати од своите гробови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стариот е уплашен и збркан, некоја сила го турка надолу во бездната.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Возбудени, скоро уплашени, се шуткаа и бараа место да се нурнат во мракот под скалите, зафрлените ќошиња, и таму да се ослободат од кошмарот што го гонеше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Усплашена - таа скокна на маса, но не успеа да избега: Златко ја држеше цврсто за опашот.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Лежеше; неговиот сандак беше празен и неговото тело беше скапнато, а тој беше притивнат и уплашен од тоа, со оние скржави и полугладни оброци за сите денови, што требаше допрва да дојдат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се гледа дека е и уплашен, ама и среќен. И Зоки е и уплашен, и среќен.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Попладнево Секула се врати од град. Но премногу уплашен.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Најтешко е кога човек се чувствува беспомошен. Осамен. Уплашен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Како, бре, Уља е убава жена, му велам, да не си од нешто уплашен, го прашувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Му веруваш на овој шут уплашен, ми вели Мирче, и веруваш дека и јас сум ко него? 46
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А ноќта е век, само стои, не врви. Уплашена година. Така ме темне, ме дени. Сама.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)