раб

мн. рабови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 968
1. Опшиен крај на облека, штоф; место каде што се составени два дела на облека.
Англиски: seam Албански: tegel, buzë petku
Примери:
Рабовите на чаршафите не беа добро изработени.
Кошулата му беше мошне нечиста, особено по рабовите.
2. Линија добиена со допирање на две површини под агол.
Англиски: edge Албански: buzë, teh
Примери:
Ги гледаше високите буки наредени по работ на чистинката.
На работ на тротоарот.
На работ на пропаста.
3. Човек предан на бога, слуга божји.
Англиски: servant Албански: shërbyes
Употреба: Црковен термин
Примери:
Раб божји.