бели
белат; белам; белиме; белеше, белел, белеле; белен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 14138
1.
Прави нешто да стане бело.
Примери:
Билјана платно белеше на Охридските извори.
Фабриката ги бели платната со разни хемиски средства.
Спротивно од:
црни (несв.)
2.
Мачка, премачкува со нешто бело.
Примери:
Таа си го бели лицето.
Големата соба ја белиме пред секој Велигден.
3.
Лупи, симнува кора.
Англиски:
peel
Албански:
rrjep, qëroj
Прачките за плетење кошници дедо ми ги белеше со мало ноже.
Слично со:
лупи (несв.)
4.
(се бели) Си го мачка лицето со белило.
Албански:
zbardhem
Се белеше со многу белило.
Слично со:
шминка (несв.)
Изведенки
белење ср.
глаг. им.
глаг. им.