браник
мн. браници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12063
1.
Предмет или дел од предмет што е во функција да брани, да штити.
Примери:
Браник на автомобил.
2.
Одбрана од нешто.
Примери:
На браникот на татковината.
3.
Дел од брана за обработка на земја.