рок
Види и:
срок (м.)
мн. рокови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 856
1.
Ограничено, утврдено долго или пократко време, период во кој треба нешто да биде завршено, да се направи, изврши и сл.
Примери:
Рок за исплата на долгот.
Течат роковите за пријавување проекти.
Да се испочитува рокот.
Рокот бил продолжен.
пролонгиран рок
Се приближува рокот.
2.
Крајниот дел од некој период, дел од времето кога нешто достасува да се изврши, да се направи.
Примери:
Денес е рокот за плаќање и за поднесување извештај.
Измина рокот за пријавување испити.
рок на поврат на средства
рок за добивање одобрение
рок за поднесување барања
3.
Временски период, отсечка во времето.
Англиски:
period
Во рок од три дена треба да се заврши ова.
Во рок од два часа се смени времето.
Слично со:
период (м.)
Изрази
Воен рок - време што треба да се помине на задолжителна воена обука.
Отказен рок - определено време што може или треба да се помине пред да стапи во сила отказно решение.