чисто
Види и:
чист (прид.)
Вид збор: Прилог
Ранг: 3787
1.
без валканици, без нечистотии
Англиски:
clean
Внатре беше чисто и уредено.
Таа држи многу чисто.
2.
Без други, туѓи примеси, елементи.
Англиски:
totally
Чисто македонски збор.
Чисто македонска песна.
Ова е чисто драмски текст.
Слично со:
наполно (прил.)
3.
јасно, точно, правилно
Англиски:
exactly
Говори чисто.
Свири чисто.
Слично со:
јасно (прил.)
Изрази
Е на чисто.
Сака со тоа да бидеме на чисто.
Изведе нешто на чисто.
Чисто и јасно.
Чисто и просто.