баци св.
бацил м.

баци (св.)

И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна, радосен ќе ми те баци . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
ЕФКА: Амин! Ајде, баци им рака на свекорот и свекрвата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Три пати подолги ми пораснаа прстите три пати посилно стегнав со забите се наведнав и го префатив вратот на твоите камењари за да те бацам.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го фати за глава, го баци во двата образа и в чело. Го повтори тоа и со Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Цанул се згади, му се накренаа цревата, се стегна да не поврати,а кога дојдоа дома, ја натера Цанулица да ја измие устата со зач за да може да ја баци.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Предавајќи му ја, Профим го баци Полина и му рече: „Држи ја постојано пред очи“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Е, некако нѐ баци, а лицето цело ѝ подвирува од солзи. Батачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го гледам ме вика со прстот. Потрчувам и, трчајќи ми иди да му бацам рака, да го бацам в чело, на полите од шинелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сака да нѐ баци жената, а ние не знаеме што сака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никифор ќе ме баци, па ќе застане да ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука прв пат ме баци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Креваше на шишето, ја пикаше главата меѓу решетките да го баци Анка, и неможејќи - само го жулкаше по раката, го милуваше; Анко му го чувствуваше треперењето на раката која сѐ повеќе стануваше потопла; татко му отпивнуваше и сѐ така со жулкање по раката, а во очите му најадруваа солзи од милина, од радост.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тате ќе му ја бацеше раката, а дедо ќе му речеше: „Сполај му, синко, на Бога, што ни се врати здрав и жив.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
При секое отворање на вратата од собата и погледнување во небесното синило, во него се јавува истото она чувство што се јави во дедо му Аврам кога го извадија од гроб, кога му го кренаа капакот од ковчегот, и кога тој, здогледувајќи го небесното синило над себе, му идеше да го баци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ти сакаш да ме бациш!“ неочекувано и исплашено му рече уште повеќе подавајќи му ги своите усни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше можност да баци девојка уште кога беше во осмо одделение.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе