бранов (прид.)
Со тоа Сара, витка жена на нешто преку четириесет години, физичар аматер која почнала да се занимава со пишување како со хоби пронаоѓајќи го таму она за што сега верува дека е вистинска активност, од сеќавањето ја бележи (на хотелски лист хартија, со молив со знак на авиокомпанијата Делта) формулата на Ервин Шредингер која прикажува развој во време на брановата функција на физичките системи, аксиом од квантната механика: /еве ја формулата/ „Топката”, рече таа потоа, брзо вртејќи се на стомак, „сега е на твоја страна.“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тоа е Шредингеровата формула на бранови функции, која исто така е и прв елемент на Бемовата алтернативна теорија, ми се чини, како и првата реченица од приказната на некој друг пар.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Партијата на здравиот народен дух е еден огромен хор во кој секој може да крека колку што сака, но под услов да крека и да се движи во брановите должини и фреквенции на крекањето; не може, на пример, некој да мука кога сите крекаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„... За тоа Пенето, средното дете на Нича Бранов, за него никој не знаеме што се случи и како се случи. Велат, загинал во борбите.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не можеше да поверува како можело да му се случи досега воопшто да не се сети да го отвори локалниот телефонски именик и да види дали не ќе најде и уште некој Едо Бранов. Овде, во сопствената земја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Накусо, заклучи Летка, - „јас конечно сум роднина со тој твој Едо Бранов од Монастири. Или претпочитам да бидам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)