готово (прил.)
МИТРЕ: Готово му е сѐ. Одовде до Струга ќе оди со Пандета, сватон твој, а оттаму има и други што ќе одат заедно до Битола.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Владичкото ќе си го плаќаш и готово: само барај некое чупале, оти вој пезевенк ве остави та бабата веќе не може да а гледа куќата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така готово ќе го газиш! Да не носе гаѓи и тој!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Грнето со петелот крчка, тепциите чмаат, погачите се ладат, винце, ракиичка — готово.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пред твојата пушка да сум не ќе молев. Стрелај - и готово.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Готово. Да, готово. Кучињата секако не се за арно на овој свет.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Нацртај партизанска ѕвезда. Како штамбил. - Готово? - Готово.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Престанете да пеете. Тој е пијан. Може сѐ да стане. Еден куршум, два, и готово.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ќе те присилам да признаеш. Ќе те одведам одовде со готово признание.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе заплаче, мислев тогаш. Готово е ќе заплаче.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
За неколку дена палтото беше готово. Павле го облече.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јас мислев дека е готово, - рече. - Те чекам тебе.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Готово е. Додаде таа. И воздивна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зачкрта железо в железо, како болка протече шумот низ клучалката. „Готово е“, се издолжи безглавата сенка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Аргир стоеше исправен над огинот. - Дедо Аргире, јадењето е готово... ќе истине...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бргу се повлече назад. - Готово, атентаторе! Го заслужи орденот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Готово! Да брзаме! - рече Горјан и го свитка писмото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Готово ли е? - праша командантот на бригадата. - Готово! - одговори комесарот!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)