диск (м.)
Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дури сега можеше да знае дека она, што го зрачеше токму тој ослепувачки светол далечен диск, зафрлен во синевината, беа и сите овие допири по неговото лице.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоби Мусман напишал дека оптичките дискови се темелат на: “... концепција по која двајца гледачи, спротивни еден на друг, кои го гледаат филмот во исто време, сето тоа време додека трае филмот, тие нема да го доживеат филмот на потполно еднаков начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оптичките дискови наликуваат на Дишановите “ротирачки листови” од 20-те и 30-те години.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Самиот уметник незабележано ги избегнува (ESQUIVER) тие илузии кои ги создава со директна и очигледно посебна преокупација, оптиката и консонатизмот на дисковите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оној што реагира го стартува дискот и реагира на прашањата поставени брзо едно по друго.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Корисникот го стартува нашиот диск и се натпреварува со Марк Твен. CD-верзијата ќе овозможи и меморирање и употреба на дигитални филмски инсерти.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нашето минато, нашата сенка без која не би биле сега овде збрани во слава на Светиот оган сред длабоката темнина на шумата подготвени да го каснеме посниот залак испржена риба пред да се појави другиот оган - небесниот диск, врз почетокот на нашата преобразба.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Иако во графичкото изразување не постои ништо што навистина би ѝ одговарало на непрекинатата линеарност (размакот меѓу зборовите, крајот на редот и страницата се нормални графички конвенции што не можат да се занемарат) сепак ќе ви прикажеме пример за линеарно графичко изразување: слика десно Спиралата на карактерите од обете страни на дискот од Фестос го илустрира континуално линеарниот облик.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Главата му беше малку зафрлена назад, а поради аголот под кој седеше неговите очила ја ловеа светлината и Винстон гледаше два празни диска наместо очи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сурово природни
затекнати во немајкаде
онемени, од вџашеност побелени
можеби од премногу
живот и дарба
можеби од премногу набожност, паганска
или премногу смрт, нагла, неправедна
само се наѕираат - маргина до маргина
диск до диск за вчитување на изгубеното
аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете...
алфа, бета, гама, делта...
алеф, бет, гимал, далет...
сличности на претек
претци
а, наоколу
по којзнае кој пат преродена
исчезнатата флора
риган, рик, реа
ни смртта не е вечна,
ни смртта!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Токму така, дискот беше полн со минати ѕвезди.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Живописни пејсажи во природата, уметнички да се вгнездат во душата на минувачите, во хард дискот на човечкото битие за на век...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Од задридјето се појавуваше пурпурниот сончев диск.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Отаде планината го снема црвениот диск на сонцето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Полека израснува дискот на сонцето и со белузнава светлина го поплавува Костурското Поле.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)