камен (прид.)
Напред десно плот, до плотот плиток бунар со камена ограда.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И кога се качивме на камениот мост, кај Газаната, гледам веќе некој се качуваат на другиот каменен мост и му велам на Анѓелета: Стигнавме, тие кај Плачиврби додека се наплачат и разделат ние сме кај нив.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Денес се тресе, денес се руши Врандук горскиот див; тунел се копа в камено срце, - грми огнен здив!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Им се придружив и сите, заедно, кинисавме кон камениот мост.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Со газијарниче в рака, клисарот стрико Мијале, мало и бело старче, го метеше камениот под.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Водата сосема бавно се премрежи и пак се потона во камено смирување.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Прв сокак - црквиче, камена печурка забуцана в земја, втор сокак - чадлива меана полна со матна светлост и нејасни ликови, трет сокак - дрво, опашан со висок ѕид од плитар.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зад него остана бучењето на дивата рекичка, старата камена воденица и чудната домашна драма на стариот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Баритонот молкна и самиот се потопи во непроѕирноста. Само накај село борците се викаат еден со друг кај каменото црквиче.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
В плоден лес сив молчелив камен зреел вишнеел корен остер нож да чува за црнините.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
В плоден лес камен рожба да е да зрее и црно нешто да го покрива и цут на гранки и нож по тоа да вишне на врв на ножот птица да починува без тебе.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Лево од надворешната порта голем издолбен камен за толчење кафе, сланаток и други зрнени полјоделски производи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одвреме навреме татко му застануваше и ја остреше косата со каменото точило.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Момата што секое утро, во исто време, одеше на изворот по вода, помина крај него со својот земјен сад, зави по каменото патче и заслегува надолу.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Некој ќе победи. Тоа е Арсо. Арсо ја урива карпата. Во каменото тело ќе направи пробив кон универзалната слобода.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Овој секојдневен џагор на животот зад ѕидот создаваше во него илузија дека меѓу него и оние таму не постои камена преграда што ги дели и, едноставно, тој е неразделен учесник во нивниот живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Половина метар во каменото тело веќе е направен пробив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Весна стои и гледа во камената плоча над коритото во кое жубори водата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)