ков (м.)

Осамен жерав, изгубен ков клун не може да изрази огорченост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но затоа ги сакаат луѓето од американски ков.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јаничар од нов, комунистички ков, каков што беше губејќи ја своја­та мала татковина и грузискиот идентитет, жртвувајќи ги за големата идеолошка татковина на советскиот комунизам, Сталин сигурно ќе завршеше со изместена душа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А јас сум човек од друг ков.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Па сепак, и покрај тие ситни, а чести пакости, во него преовладуваше убедувањето дека душевните болести на современиот човек не можат повеќе да се лекуваат со малограѓанска свест, со која единствено беа вооружени психијатрите од стариот ков.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ме праша да не сум направил нека­ков проблем во училиштето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Хрисостом беше духовник и пастир од истиот ков.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека маалото ечи договор се прави, казна е ова или благослов треба ли ова рождество да се слави, каков ли ќе биде ков.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Играчите на балканскиот покер беа задоволни што најпосле го најдоа четвртиот партнер кој бездруго беше од нивниот ков.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, библиофил од голем ков на Балканот, во својата подготвена литература за чистењето на јазиците од опасните турцизми, пред себе го имаше Вуковиот Речник од 1818 година, во чиј предговор авторот, точката 10 целосно им ја посветил на турските лексички елементи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, сега прв пат се соочуваше со човек од ковот на Климент Камилски, кој не можеше да го класифицира во ниту една категорија на балканските идеалисти во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)