команда ж.
командант м.

команда (ж.)

Сред грмежи страшни, сред пукање често, без смисла е дури командата бојна: „Отстапујте, момци, на сигурно место, нѐ напаѓа сила неизмерно бројна“.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Тебе ќе ти донесам еден олкав чибук (ги раширува рацете) да седиш најгоре, да пушиш тутун и да даваш команда!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дај си команда која што си сакаш и како што си сакаш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- А ти си тука, распрашана командо, чавко со пауново перце во опашката, ги дигна веѓите старецот и се заврте кон неа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од секого добива по една притворна насмевка и краток одговор на неговите прашања; ама колку за бериќетот сите како под команда одговорија дека годинава бериќетот е слаб.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тековите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што ѝ е нужно време на капка алдехид да се испари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност. – Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите вие сега ќе бидете под негова команда и ќе го слушате што ќе ви заповеда.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како по команда, рибарите ги поотпуштија веслата, погледите им се приковаа на колјата - дименџијата сосема го крена веслото - чунот подзапре, го измени правецот, него никој не го управуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ФЕЗЛИЕВ: Сигурни. Во нашава работа, драг мој Иване, сигурноста сосем не е единица под наша команда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Таму Гоце беше затворен меѓу четири ѕидови: по команда стануваше, ручаше, вечераше, по команда дури мораше да учи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Баталјон мирно!... - ја пренесуваа командата командантите на баталјоните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дури подоцна, без команда, командирот се сврте назад кон заодената чета, па војниците, од неочекуваност, се натуркаа еден во друг од позади.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Па сепак денот не беше пријатен. на разни страни се извикуваа разни команди, па чиниш цело време кучиња те џамкаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе од нив се слушаше: „теслим, бре, кумитлар“, и сите под команда почнаа да стрелаат во чуката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе и тука даде наредба да го чекаат него за команда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но по неколку дена пак го повика и му рече: „Си имал среќа, момче; за храброста што ја покажа, командата те наградува: прекомандуван си во работен баталјон“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И не се трезнеше Трајан сè додека не дојдеа од командата војници и стражарно не го спроведеа назад.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А дресерот даде извештај до својата команда дека кучињата се наполно оспособени за извршување на секаква задача.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сепак меѓу парижаните, па и кај сите французи, Сурен најмногу е познат по една своја знаменитост, по, речиси, најголемата болница во Франција, која го носи името на Фош, командатот на сојузничките сили на Првата светска војна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе