напомена (ж.)
Еден од партизаните му напомена дека е поарно да се врати в село, да не паднело сомневање на него. Се разделија кај камењарот на сувиот порој.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Второстепениот суд ја уважи жалбата на Китан и го врати предметот на повторно разгледување, со напомена дека стручни лица за таква експертиза (геофизичари) треба да се бараат од Факултетот во Белград.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во неколку наврати после атентатот, напомена дека тој мислел дека било јасно дека се шегувал.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Мора да ги усвојувате сите организациони работи“ напомена претседателот Томе - „в година ние ќе си заминеме во средно, а вие ќе сте осмо, па ќе треба и да раководите, и да работите, и да оспособувате подмладок.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Така беше до пред недела две, а последниот пакет ми се врати со напомена дека е ослободен.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бидејќи и самиот помислив дека можеби сум згрешил и дека можело да се случи да сум го упатил во лоша насока со спомнувањето на она буричкање следеше напомената: „Ова е град, момче.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Оваа напомена ме прави внимателен и подозрив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само како напомена еднаш му спомнав дека ќе треба да внимава, да си седи мирно; додека си ја средува иднината да не буричка премногу наоколу; добро, мислам дека ми се отпушти и она, ако буричка тоа да го прави со усул.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Фаик Коница задоволен од своите резултати му ја испраќа студијата на својот пријател Гијом Аполинер, со напомена дека и тој стигнува како него до истиот заклучок: странските зборови кои се влезени во еден јазик или треба да бидат сварени, или да бидат отфрлени!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)