опре (св.)
— Море, ако е за тоа, ене го и Јошето мое, ако го гледаш нака слабо — како кремен е. Не може ни ерген да му се опре.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таму опрен со главата врз ѕидот стражари веќе пијан Фезлиев.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ти можеше да му се опреш на овој самозадоволеник!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но девојчето молчеше. Потоа застана до една топола, се опре со грбот до стеблото и долго, долго гледаше напред.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но таа ги опре нозете.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И таа кутрата го чу лаењето, ги опре нозете, ја крена главата, ги начули ушите и почна да се тресе од страв.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се чини дека со определено упростување од глаголицата биле позајмени неколку графеми за означување на специфично словенските фонетски вредности.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Пискулиев се повлекуваше полека наназад, сѐ со така кренати раце, дури не се опре омаломоштено на ѕидот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ќе седи тогаш на клупата под маслинките, се опрел со лакти на колена, ги пребира килибарните броеници, - старче со провиснати мустаќи, наклапушено со паларија што се чини секогаш понова од алиштата што ги носи; ќе си седи и го задоволува својот навик да ја гледа убавината на тукушто подраснати девојчиња, цврсто стегнати во црни гимназиски кецели со бели околувратници.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Касиерката се опрела на масичето, чека да помине уште овој еден час па да си оди.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Регистрираните синдикати и здруженија на работодавачи на национално ниво можат само да опре- делат свој претставник кој ќе присуствува при работата на Комисијата; 52 • третиот, четвртиот и шестиот член ја регулираат постапката за утврдување на репрезентативност, која се поведува со барање, кон кое се поднесуваат и докази за исполнување на условите, по што, откако Комисијата го испитува, Министерот донесува решение за репрезентативност, кое се објавува во Сл. весник.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Мораме да научиме да му се опреме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Морден имплицира дека Крафорд во Милдред Пирс толку моќно ги одиграла гламурозната и абјектната женственост, толку напнато, толку совршено, а во исто време и толку екстравагантно театрално, што нема дрег-кралица што може да ѝ се опре и да ѝ се рамни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)