ранува (несв.)
Со голи раце се фрлив на бегот и, кога му ја свртев пушката со оган и врело железо да го ранува ѕидот, ги видов како се фрлаат на Турците Онисифор Проказник, Орлен Шумков, Никифор Ганевски, Арсо Арнаутче, можеби и другите што беа во собата, можеби и жената и Ганка, и ги видов како доаѓаат како ѓаволи на правдата Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Наџак-Јанко, Богдан Преслапец, можеби и другите: ревеа, бодеа со ножови и сечеа со секири, но бегот во вртењето ми ги искрши забите со кундак и ме собори, да се грчам ошумоглавено и недоубиен меѓу нозе и под нозе и да слушам машки писоци и ревење и пцости.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Изложена е на сите видови тортура, претепувања, електро шокови, постојани силувања, агентите на Dina пукаат во неа, ја рануваат во нога, ја измачуваат со глад и жед и најпосле со уцени и закани во врска со семејството.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Еве за тоа што читаме во Мемоарот на Организацијата: На 23 април претпладне турски шајки, составени од професионални злосторници и крвопијци, следени од полициски чиновници и жандарми, без секаков повод и ненадејно, со бес и јарост се нафрлија врз христијаните низ битолската чаршија и, кого ќе сретнеа, го убиваа или рануваа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Го сметаа за човек од сенка, човек со седум животи, често рануван, но никогаш не искрварен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Времето убива. Времето ранува.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вакумирани чувства, вакумирани чувства и вештачка љубов. Ме ранува, ме уништува.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Последните години, сепак, лошото ме допре и почна да ја ранува мојата душа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)