југ (м.)
Српската пропаганда е раширена низ цела Македонија без Костурско, Серско, Петричко, Драмско, т.е. без крајниот југ и крајниот исток.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И вистина дијалектот велешко-прилепско-битолско-охридски е јатката на македонскиот јазик, зашто на запад од него е дебарскиот (рока), на југ – костурскиот (ронка), на исток – источниот или солунскиот (р’ка) и на север – скопскиот или северниот (рука).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Берлинскиот конгрес и особено Српско-бугарската војна (1885) само уште повеќе ја насочија Србија кон југ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
2 Неколку дена по тоа, во една убава ѕвездена ноќ, железницата ги носеше нашите бегалци надолу, на југ.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Од исток во широчината безизразно гледаат со матни, напукнати или со весник излепени прозорци, низа збиени и од земја никнати куќарки; на запад - гнил, накривен плот зад кој се наѕира темно- црвен оџак; од југ - слеп ѕид на него чуден цртеж со креда; голем круг со две дебели бели точки, под нив водорамна црта.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Југ, Африка. твоите приказни за изворот на Нил, за дијамантските полиња, за плачот на антилопите, Никола...
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Југ, го погледна таа. Нејзиниот југ е и наш.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Патувајте, птици. Јас сум само смрзнат и недоречен крик на моето месо. Крик за еден југ, за една топлина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во една ноќ долета од југ топлиот јужен ветер.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Зимуваа далеку на југ и се враќаа ваму дури во пролет, кога зимата веќе побегнала на север.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А еден ден, кога сливата под стреата ги отвори своите први цветчиња, стасаа и гостите од далечниот југ.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Запарниот здив на југот ги беше избркал во длабоки сенки. Да се освежат и освестат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дуваше југ. Неподносливата запарност го душеше грлото и под клепките внесуваше суво скокоткање. Во градите недостасуваше здив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Есента настапи... Јата диви гуски летаа на југ.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тој златен медал од југ до север го сонуваат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
- Сѐ е ново! - зацрцоре Врапчо. - Штркот си дојде од југ, си дојдоа и ластовиците.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И глас надоаѓа од оној ист рид од кај што сакав да те преселам во земја онокрајна во миг светлина кога ме осветли јарка Ти, таму на север, неподвижна како лузна, како костур, а јас – на твојот југ кружам од рид на рид, од брег на брег жив во дамнината.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Каде си горка жено да видиш Изгаснато сонце кај крижу од брег на брег, од југ на југ Јагленосан да ме видиш Жив во дамнината?
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)