апел (м.)
Сега и директивите како да папсаа. На радиото ги немаше поранешните апели против козите придружувани со револуционерни песни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Првиот апел на едно фашистичко или предфашистичко движење е насочен против дојденците. Така прафашизмот по дефиниција е расистички.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Затоа кон типичните обележја на историскиот фашизам припаѓа апелот кон фрустрираната средна класа, која страда под економска криза или под чувството на политичко понижување и којашто се плаши од притисоците на социјалните групи одоздола.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Знам дека ваков апел на својата окупирана јавност треба да упатат сите независни интелектуалци на сите завојувани и сѐ уште незавојувани страни, но јас го упатувам во свое име.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа никако не е олеснување за дилетантите, туку апел спрема професионалната храброст.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Меѓутоа, апелите за реорганизација на полицијата и жандармеријата биле праќани до истите раководители на администрацијата коишто се покажале неспособни и не можеле ништо значајно да изменат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вујошевиќ испраќа апел до сите [не]вработени дека најпрво тие самите мора да си ги знаат и да си ги бараат своите права, а потоа и синдикално да се организираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сепак, текстот сакам да го завршам со апел до чинителите на театарскиот чин кај нас: Не ја прикривајте завидливоста, ниту пак потребата од плагијат, оти тие, неретко, раѓаат нови и вредни моменти во творештвото!
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)