бистри (несв.)
Бистриме така граматика, политика, а ветрот нѐ удира в лице, нѐ бричи на суво. Ја ваби зимата ветрот и ни ги собира очите, ни ги сменува погледите, ни ги разменува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште бистри политики.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тупотам со пиралката по алиштата, мавам со сета сила, а од мене, чувствувам, истечува некоја лутина, некоја болка, срцето се бистри.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еден број луѓе, како секогаш, беа собрани во малата просторија и бистреа политика.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не знам како се здавија, некоја политика бистреа со сливова ракија, ама, каков што беше сперлив, им скочи...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дали се собираме? Се собираме на роден денови на внучињата, а мажите откако ќе ги донесат покупките, ќе појадат и до пладне бистрат политика во кафеаните.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека нивните жени во фабриките рмбачеа за леб, тие бистреа политика.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Кај си бил ти до сега? Пак ли во бистрото на бистрење политика?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)