благо (ср.)
Но за да биде таа служба благодатна, нам ќе ни треба да создадеме народни служители, народна интелигенција што ќе му ги посвети сите свои сили на народното благо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако имаш едно благо да ме почестиш добро, ако немаш остави. Кафе не сакам!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
АНТИЦА: Ако си од благо, благо да ти дам (кинисува и со себе си): Ааа... ќе се рече стројница си дојдена, Е не ќе те измие.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Потоа стана, наготви колку за неа со децата, се накрка слатко и благо и се промени „велигденски".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе ја менам верата и ќе се потурчам. Турците јадат баклава, татлии, локуми и се гостат со слатко и благо.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
16. МИ ГО ОТРУ СРЦЕТО, ПА СЕГА БЛАГО МИ ДАВА - а благото, како благо, сал на стомавот му годи, и во златна паница нека маџун да ми клава не ќе појде по таков пат до срцето што води...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Со сила испи ја, му велам и ќе видиш дека од благото ќе ти помине.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И слатко и благо, што се вели, како мевлем ќе ми дојде и ќе ми застане.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да не има благо на нејзиниот газ што сте се залепиле така? а тој се брани со раката од тие развртени рачиња, предупредувајќи ја Жено мори пуста да не бидеш, не ми го тепај сонот! и дозволувајќи ѝ и понатаму да ја тресе правта од него, седнува, си ги истрива очите и гледа дека навистина е на страната од Родна, дури нозете бакнати, залепени, па ги потргнува своите, ги поодалечува колку да блесне белината од Роднините листови и за да ѝ го одваби погледот на разбеснетата Милка проговорува како да се чуди и самиот Од каде да знам мори жено желки да те јадат, може ти си се преметнала на оваа страна, колку што го држам времето од синоќа, те пикав во пазувава, при завртување може си се свалкала на другата страна па јас сум останал на оваа! и за да се потсмири работата, се закикоти на цел глас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Според Коста, револуционер можел да биде само оној што бил способен да се откаже од сите земни блага и да ја прифати револуцијата како професија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Оф, – свика Грофот и потскокна од столот - очекуваш благото да те заслади а горчливото те снашло!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сите работи беа готови, благото, ручекот, и тоа сè со вештата рака на Пелагија, а Перса мораше да се седи скраја и да ја стишува силната река љубопитни прашања од Пела зошто се прави сето тоа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сиромашен студент, свикнат со секидневно мизерување, тој почна да ги сеќава благата на животот баш преку шахот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Инаку, управата гледаше да го задоволи интернатскиот народ повеќе со својата демократичност отколку со прибавување на земни блага: таа не водеше никаква сметка за куќниот ред, не поставуваше никакви ограниченија нити во однос на врските со надворешниот свет, така што и водот „Елен” се движеше по свое наоѓање - кога сакаше и каде сакаше, само ако дозволуваат атмосферските услови.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мајка им носеше сѐ уште топло дулсе ди мансана, благо од јаболка што мирисаше уште од далеку, а татко им се смееше и си тураше вино во чашата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој ја подаде раката кон празничното благо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гладна сум како слон. Апетитот не се задоволува, јадам како луда. Благо, па солено, па пак благо.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)