гној (м.)

По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А околу си џглиботи гној и матна вода, нечиста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Времето врви, а раната никако да заздрави. Ми се нафрлија некои зрнца, некои меури. Почна и гној да збира, да скапува месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мочта му се затна, му стана гној и го докутна. Му ја затна и устата да зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас во гној газам, ќе му речам, а ти женски лигушки собираш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некоја реа, гној од нешто што скапува наблиску до мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека и мојата сенка е издупчена и од секоја дупка крв и гној ми капе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Гнојот од чиревите, целата крв, се размачкува, ѝ се растекува... гровта уште посилно од тато... ја стегнувам... се грчи... силна е...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Погледни си ја таа одвратна рана на ногата од која тече гној.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сѐ така: црно клопче муви грозни, што бараат рана и гној, и крв да се напијат, а рана не наоѓаат на непорочната душа на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И откако рана не најдоа, и гној и крв душевна, решија – рана да отворат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тешкиот мирис на крв, гној и хлороформ, без престан го раздувува ветрецот што дува од кај ливадите на Долна Арена и со себе го влечат двете рекички што се сретнуваат на крајот од котлинката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)