дои (несв.)
Алав да ѝ е на негова мајка, што го доила и пораснала.“ с. Габровник, Велешко
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
На моменти се каеше оти ќе си го подгази девојчето, може и да остане кржлаво, недодоено (оти во Мариово децата ги дојат три години); може да ѝ се разболе чувај боже“; а од друга страна, пак, се радуваше при мисла и увереност дека тоа што ќе дојде ќе ѝ биде „баце“ на Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така живееле, суви од иста невојла и плодни како риби, сиромаштијата ги доела на секната цицка и ги одржувала в живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Есента е богата со соништа иако понекогаш тажна со водата што опаѓа не се плови Ноемврските богати магли со што ли ги дојат реките
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Што заборавате, што заборавате дека моиве ластари ќе бидат ваши раце кога ќе легнете - со внуците да се здравувате А сте ме оставиле само среде оваа штура голотија на ридов за да не умре од немаштија и за да го дојам сонцето.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но сега знаеше дека му е намалена храната на другото јагне, рожбата на овцата, па веднаш донесе во копанка солени трици, ја издвои овцата која отсега повремено ќе требаше да дои две јагниња ѝ ја даде оваа додатна храна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доцна синоќа, откако го изгаснаа ламбичето, откако го запретаа жарот во огништето и си легнаа, добриот старец не заборави да му напомне дека треба да внимава на овците што се пред ојагнување, посебно да се грижи за малите јагниња, да ги дои, зашто има овци кои не сакаат да ги дојат своите рожби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чекај аго Али, Муто, Суло, чекај да видиме чиа мајка сина доила... мајчето ваше пљачкашко!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дебелеењето ѝ започнало уште од малечка. За тоа најмногу допринела мајка ѝ, жена му на Илко, зашто ја доела прекумерно долго - цели седум години.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа го искапала детето, го преповила и го дои.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со едната рака кршиш камења, велам, а со другата го доиш детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Често го допрашуваше татко ми дали е можно коза да дои лавче или е тоа измислено од уметникот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со подозрение го прашуваше татка дали е можно – коза да дои лавче?!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга, кога сакаше да рече нешто значајно за козите, секогаш првин со занес ќе ја погледнеше сликата на козата што дои лавче.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Гласови од утробата му ја шепотат радоста на будењето. Неродено дете, илузијата за промените го дои заборавот за крвавите пори што ги наследуваш. 66 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Си седи доејќи го своето бебе кое наводно се вика Врба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пелагија, доејќи ја малечката Пелагија само се насмевнуваше и од тој нејзин насмев темникавата одајка стануваше посветла.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Те држев во пазувите. Уште те доев, макар што беше голем за тоа. Ама јас така правев и со другите деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)