навален (прид.)
Уште на истиот час, кога даскалот Бино им зададе на I и II одделение и отиде на третата редица кај III одделение, Нешка, пишувајќи ја задачата од читанката, со навалена глава на левата рака, ги сврте очите налево.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вратата е подотоврена, па се гледа само лактот од тетка Анѓа навален на маса.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Со навалена глава се влече по татка си.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зората ја дочекувам навален со плеќите на замрзнатиот рововски ѕид. Ова што го гледам пред мене е како во бајка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Утеха ми е што моите бдеачи не можеле да ми го видат изразот на лицето зошто бев навален преку прозорецот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Не, не сум пиел. Не е тоа. Бев навален над бунарот, и одненадеж, како да ми се расцепи главата. Сега ми е малку подобро. Сега знам кој сум.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Седејќи во длабнатината и седејќи добро навален назадечки, Винстон беше во состојба да остане надвор од дофатот на телекранот, барем што се однесува до видокругот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Крстот стоеше навален, а во натписот, со мака можеше да се прочита: „Георгиа Иереј“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Татко беше навален со лицето над самото биро, врз неколкуте отворени страници од последниот Медицински гласник што му го донесе дента неговиот пријател.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На мијалникот, навален на ѕидот, стоеја неколку чинии и едно тавче оставено наопачки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Си замислував што има под водата: обрачи од коли, недоизгниени партали од некогашни облеки, рѓосани ножеви, навалени порти пред кои некогаш се седело. И, можеби, сенки од луѓе. Темни сенки.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кога ја виде Ане таква слаба, згрчена, расплакана и навалена врз тротоарот, на Дора одеднаш ѝ стана многу жал, па и покрај тоа што беа скарани, отиде да ја праша зошто плаче.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Застанува навален на ѕидот. Пауза, Полека почнува да се движи кон излезната врата. Долга пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во гостинската соба на манастирскиот конак седнал Петре, навален со едната рака на прозорчето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
До самиот брег купишта дробен камен, од спротивната страна, навалена на ридското подножје, се извишува новата зграда на универзитетот и пред неа убаво уреден паркинг.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Најпосле, откако се изнамуабетија, а уште повеќе изнамолчија доволно време и испопикаа цигарчиња во меките фотелји со навалени потпирки, тој, најпосле како да се сетил, наеднаш му рече на секретарот што стоеше покрај врата со документи за извештај: „Па, таму, чинам, чека некој чиновник; кажете му дека може да влезе“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во мигот кога најмалку очекуваа, пак прозбори Јани: - Сега би сакал да сум под домашната стреа, во дворот или во одајата или на нива или под зрелите цереши или под дебелата сенка на чинарот, па дури и во нашето буниште, ете, вака легнат - навален, загледан во далнината и висината и во очите на љубената...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ете, оној таму, го гледаш? Оној, бре, што е навален, еве оној сега зева... да, тој, кутриот, само дреме. Дреме и хрчи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)