оп (изв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          ПАНДЕ: Така е, сето тоа што го зборуваш е убаво, само, една наша стара поговорка вели: „Додека не скокнеш не вели — оппа!“
        
      
    
    
    
      „Парите се отепувачка“
         од Ристо Крле 
        (1938)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Опааа! — Пречекори Доста и се прекрсти, та влез во Сукаловата куќа да се стори вечер домаќинка на еден од браќата Сукалови.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Само - оп! Ќе замавнеш со раката нагоре.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Кога наеднаш - оп! нешто го тупна по грбот.
        
      
    
    
    
      „Билјана“
         од Глигор Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          „Посакај нешто, Малчо, и јас ќе ти го исполнам! “  И оп! Се случи чудо невидено! Чудо за неверување!
        
      
    
    
    
      „Билјана“
         од Глигор Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ајде, опа, опа, опа! - велеше старецот и со бавни движења ја вртеше косата низ бујната планинска трева.
        
      
    
    
    
      „Бојан“
         од Глигор Поповски 
        (1973)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Вика и се вцрвува. Му набрекнуваат жилите, небаре гуштерици му скокаат. И оп, туп, ми се наднесува, ќе ме удри.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Кога одеднаш оп, книгата ми ја снема од рацете!
        
      
    
    
    
      „Добри мои, добар ден“
         од Глигор Поповски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          И - оп, ти го потргнува срамот, ти ги очиклува очите.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          - Види го она малендавото, испиеното, како удира со поткованите цокули, - му се обрати Пандо на Нумо: - Оп, за малку што не падна.
        
      
    
    
    
      „Постела на чемерните“
         од Петре Наковски 
        (1985)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          И, како што си ја мислам така, туку — оп, еве ја: и неа ја гледам меѓу жените.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ги гледаме сите одозгора. Оооп, оооп, оооп!
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          И, — оп, ме угреа сонце.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          МАЛИОТ: Опа! Тој е! Врз човекот паѓа мрежа.
        
      
    
    
    
      „Последниот балкански вампир“
         од Дејан Дуковски 
        (1989)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Опа!” копкајќи со прстот таа повторно однекаде ја врати играчката и го  намота конопот околу неа.
        
      
    
    
    
      „Лек против меланхолија“
         од Реј Бредбери 
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Над колата леташе Гавруш Гаврушевски. Со гракање ја дополнуваше песната на ортаците и трговците со ништо. Опа, опа! Пупи Паф ќе копа!
        
      
    
    
    
      „Пупи Паф во Шумшул град“
         од Славко Јаневски 
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Песната ја продолжи Пишпирик:  Опа, опа! Многу ќе сум богат. Ќе живеам на висока нога.
        
      
    
    
    
      „Пупи Паф во Шумшул град“
         од Славко Јаневски 
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И пак гавранот Гавруш Гаврушевски, скитник како и овие двајца, заграка:  Опа, опа! Пупи Паф ќе копа!
        
      
    
    
    
      „Пупи Паф во Шумшул град“
         од Славко Јаневски 
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
        
              
          Од вагонот се слушаше само едно бодинање и едно Ух  Ух  Ах  Оп, па едно плескање како кога  плескаат петли наутро качени на плет и пак бодинање и она  Ух  Ах  Ех  Оп!
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)