посматра (несв.)

Само ќе седнеше некаде од страна и го посматраше толку внимателно како да го испитува за да му изрече пресуда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Замислен, мижејќи, ја посматра благородната насмевка на жената која бавно се доближува носејќи две шољи чај.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Сите немо посматраат како двајца болничари го пренесуваат трупот покриен со ќебе.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Никогаш со полна уста не се насмевнуваше. Братучедите ги посматраше со задоволство.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Одеднаш Саздо застанува, гледа во задниот вагон на возот што одминал а мислите му летаат далеку. Сане го посматра загрижено.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Србин мирно посматраше како темнината се одронуваше од стварните облици на поединостите во пејсажот пред него како роса, капка по капка, поронува некаде в земја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Војниците зад нив ги посматраа сѐ додека не свртеа на завојот кон селото в десно и видоа како влажните алишта на грбовите им се испаруваат сушејќи се по дождот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Гондолата пловеше бавно, така што од невообичаена перспектива можеше да се посматра и запознава градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Набрзина тргнавме, а јас само го посматрав Колета, како ќе реагира тој на она што нѐ чека.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој тука на овој свет и во оваа стварност но ја сфаќа посматрајќи ја главечки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Човек кој би ме посматрал ако се загледа поскоро би видел како стрелката на часовникот се движи. Сепак морам да одам. Не смеам да застанам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Време на загубено детство, на сакани лица кои повеќе ги нема, на средби и раскази, ете го јадрото на целото романескно творештво, каде што Луан Старова, навраќајќи одново на знаците на семејниот егзил дури и во неговите најзванични функции, ги посматра знаците на историското насилство и предлага модели (можеби утописки) за соживот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Основните димензии можат, значи, да се посматраат и како доминантни координати на вредносните определби во популацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Шапките од ѕидот кокетно го посматраат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бодлер, којшто очигледно повеќе пати го доживеал тоа искуство, го опишал во Поемата за хашиш на следнов начин: „понекогаш се случува личноста да исчезне и објективноста во вас да се развие така неприродно што посматрајќи ги предметите од надворешниот свет, заборавате дека и самите постоите и наскоро се стопувате во нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Две турски гастарбајтерки со завист ја посматраат неговата жестока вештина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Единствени што навистина веруваат во фантоми се самите фантоми, како што тоа го потврдува прочуениот дијалог во галеријата на слики.** Ако во било кој поредок на фантастичното би го постигнале тој степен, Теодор веќе не би бил единствениот што застанува неподвижен, кутра животинка, посматрајќи го она што сѐ уште не знаеме да го видиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како некаков намуртен виток буф тој својата публика прекорно ја посматра низ наочарите што му стојат на врвот од носот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој ги ценеше нивниот високо развиен стил, свежиот квалитет на „наивно” посматрање, како и „независноста од влијанието на италијанските и холандските стари мајстори”, на чии што дела се базираше неговата едукација претходните пет години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе