прво (прил.)
Не го создал Бог прво еврејскиот јазик, ниту римскиот, ниту грчкиот, туку сирискиот на кој што зборувал Адам, и од Адама до потопот кога Бог ги разделил јазиците при вавилонската кула*: „Размешани беа јазиците.“
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
И прво падна раката со таа руса глава на мојот храбар господар.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Бидејќи било многу рано, уште не беа развражале куќните луѓе, само татко му беше излегол во двор, со прво него го видел и од жал што му паднало се расплакал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Така разбирајќи го долгот кон татковината, јас се решив, прво, да го изложам моето разбирање на народните идеали на Македонците во еден ред расудувања, прочитани во петроградското Македонско словенско научно-литературно другарство „Св. Климент” 1, а после и да ги напечатам во оваа книга, каде што се поместени и расудувања непрочитани во споменатото другарство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Прво се поставува прашањето: дали комитетите, расудувајќи логично, можат да му објават војна на новото течење?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
156. Кои се тие историско-културни услови што нѐ присилуваат: прво, да си создадеме свој литературен јазик и, второ, да си го избереме имено централното наречје? Еве кои.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
АНА: Сега, да донесам прво за вас или прво да им ставам на аргаткине?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: Нека пушти прво, после ќе му думаме за тоа.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ФРОСА: Фаќајте прво вие, вие сте постари.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
(Свирачите прво ја свират аријата, потоа пеат прифатена од присутните.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сакам прво домаќинката да го отвори орото. (Василка поведува оро со пеење, а по нив се фаќаат и други).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Стој! Прво треба да се разбереме.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
— Доста си цукна двапата. — Прво дете не се кршчава на умрен дедо или баба, — се поутеши некако и си брка работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Извади прво ново кошулче од конец, мора „копитата" кошула, саѓија со срмени кистови, појас, алова фута, чорапи, калци и гуна со чоа. Од шамии најдоа десетина гушалчиња, тулбени, ќилими ...
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така и се стори. Го измерија прво враот со најголемите снопје.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа беше вистина, зашто таа ноќ тој прво се разбуди кога Луман им дојде, а после и кога се врати со деда му откај Мирчета.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Прво седна, го извади шамичето од џебот, си ја избриша потта од чело и дури потоа го крена погледот: го здогледа Николчета онаков горделив и надуен.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)