резе (ср.)

Врви Богдан Шишев од Витолишча за на пазар во Прилеп, а Стале од под дабот му нарачува: — Пак, земи Боше, печес везаници кромид, лук, некоа ока киселина, шеќер, пипер, шајки, резиња, риби, маслинки...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Визбите, внимавајте на визбите! - свикав и летнав по скалите надолу. Резето спука од тресокот на кундаците.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На таквата порта не ѝ пасува резе, ниту ќе ја залости некој синџир лабав...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ги гледаше како одат по сокаците изнабесени на нив со: кошници, сита, вретена, фртоми, синџири, потковки, ендезиња, брдила, кросна, кации, пирустии, сорови, ченгели, резиња, дрмуни, оглави, гребла, ѕвонци и други дрангулии и викаа умот да ти го извадат; навечер палеа огнови крај езерото кои одблеснуваа во водата како да ја потпалуваат; седеа околу нив со раширени нозе да се топлат;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се врати и на вратата од собата на Висара закова ново резе и стави нов катинар, а клучот го зеде со себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Посакав да ја оставам неа заклучена зад резето на зборот да чека како жена што чека од печалба и војна од глуви талкања верна на обрачот на љубовта моја и на својата надежда.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Боже, колку мачно чкрапаа резињата и колку долго се оѕвиваше мракот меѓу ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куќата веќе ни се тресе, стаклата крцкаат, резињата пиштат, од таваните паѓа малтер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чкрипаат резињата, квичат, како елмаз кога сече стакло, и сето тоа врви низ тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туркаше на вратата за да го скрши резето и да излезе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се затвора резето.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Влезе во неголемата куќа со ѕидови од камен и ја тресна вратата зад себе. Удри резе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Вратите на куќите се затворија пребрзо. Овде онде удираше резе. Сѐ живо како да се плашеше од темнината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас пак, како ретко кога, ги чувствував полните гради, како да сум го нашол, како што бев прочитал кај Хадријан, резето кое нашата волја ја поврзува со нашата слобода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сигурно не му текнало да се исплаши, или кој знае како, брзо-брзо тој го отклучил катинарот, го тргнал резето и го кренал капакот...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застана пред портата на својот истоименик и забележа дека Едо не го ставил резето на портата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да те спаси чаршијата од твојата мака е поспособна од секое друго создание: таа е резе што ја замандалува портата на светот машки, свет во кој не се влегува ни со тропање и милост, ниту пак со ластегарка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие им се внатре во снагата, таму фатени, ама со нивни катинари и резиња, не со овие синџири однадвор.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе