стариот (м.)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Тие и други зборови беше рекол стариот и беше си умрел, и тамо беше го закопале.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Има еден збор од старите наши: „Господ со кисели јаболка не се лаже!“.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
КУМОТ: Јас сум рекол и пак велам; со деца матеница не се срка, оти ќе те испрскаат! (Гласови од младите: Аааа... не ги бендисува — старите со старите, сакаат помешани со младите).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
КУМОТ: (се пушта од орото). Сега веќе доста е за нас старите.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Погледот ми е прикован за тешката рака на стариот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Стариот не ме забележува; тој непрекинато пуши и го трие коленото со голема дланка замислено нишајќи го горниот дел од телото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ланските се повторија годинава, годинашниве ќе се повторат в година, на земјата ништо не се менуваше, освен старите што умираа, младите старееја, нови се раѓаа да поминат по истиот пат по којшто поминале нивните предци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Синот од срам сакал да се направи дека не пуши, но стариот вака го поклопил: - Запали кога веќе си почнал да ја смрдиш таа смрдеа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Зад него остана бучењето на дивата рекичка, старата камена воденица и чудната домашна драма на стариот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И дури стариот да се заврти и да ѝ даде ишарет да не кажува, оваа наеднаш се испушти и му рече на војникот: – Море, пусто да остане и чешмичето, ами ако е за него, елате по мене, јас ќе ви го кажам, не дека е далеку!!! – и тргна напред преку дворот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се стрчна напред и кога го слушна стариот, ѝ стана јасно дека за него плачат машките.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Забитот зборуваше по турски, a еден од аскериве – вчерашниот калуѓер – му ги преведуваше на стариот прашањата: – Од ова село си старче? – праша забитот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И нека не те радува пророштвото на стариот. Нема да се исполни.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А него зошто не го тепаш? покажуваше кон брата си. Стариот се веднеше. Така.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стариот трепкаше. Не, синко, ти не ќе станеш поп. Ти си богоулник.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Стариов, волк да го уапе, ќе се отруе од него - толку е вечерва јадосан, - рече Трајан.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сите убедувања на стариот се разбиваат во нивната тврдост, како вода плисната на восочна површина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)