таи (несв.)
Ако ги криеш коските на дели млади јунаци тука што лежат по тебе за тија темни дубрави - зошто ги таеш песните?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Поважните настани ги предизвикуваа сивите жители да ги излекуваат главите од своите корупки во кои се таеја како плашливи желки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И си киниса, си дојде дома. Бидејќи никој немаше дома, Доста не можеше да го таи своето задоволство, та и сама почна да потпева некаква грчка песна и дури ја заигра.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Би бил само в јама сигурен, таму би го таел својот отров.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Синот знае - неговите зборови нема да стигнат до срцето на старицата: во него се таи желба посилна од секакви зборови, од секакви реалности.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бродот чека и ќе чека, зашто во неговото присуство се таи нешто големо и важно, она што го тера да се рие сега во мракот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Вероломен двојник кој досега се таеше скриен во него, наеднаш излегува и го води, и лукаво му се потсмевнува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пребледнуваше, а празнината, што му се таеше под стомакот сега му се рашируваше по целата внатрешност, сушејќи му го грлото и носејќи вртоглавица. Тој застануваше да здивне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе дојди време кога да болсни едно големо сонце Зашто сега над него таи една голема сенка И не се гледа црквата.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Притоа, длабоко во себе, таат надеж дека ако Хаџи Ташку и дружината не нападнаа вчераноќ, веднаш по тепачката на Алилово и кога Потковицата беше сета завеана со снег, а луѓето поматени од убиството на стрика Анѓела, сигурно дека ќе се плашат да го сторат тоа ноќеска.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тука некаде, околу коренот на дрвото, во густежот, се таи еден откриен кладенец, речиси вир.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во градите - Светлината. Ја чувам. Таа таи, молчи, И сака да ме устоличи На престолот: Убавината, Од која сум и начнат Од таа стрена-фреска зрачна Бликната од ѕидот и привидот.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Тој обично има кучешка куќичка направена во галерија, во која живее деноноќно сосема гол, однесувајќи се како куче, шетајќи како куче, лаејќи итн.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Дојдов по неа во седум и ја одведов до ресторанот „Ми гропа“ кадешто таа педантно го одвојуваше секое делче месо од нејзиното јадење „пат таи“, ја набљудував додека ги пиеше четирите шишиња „синга“ од по три долари литар, а потоа нежно ја погалив нејзината коса која мирисаше на балсам додека таа дремеше гледајќи го „Терминатор“ во киното во шопинг центарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од брлогот на Чана се поткренаа неколку детски главчиња љубопитни за текот на настанот, а самата Чана, а може да се рече и бабата Петра, а и мајка ѝ, се таеја како што беа легнати навистина очекувајќи сѐ да заврши со голема смеа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Секој каде што имаше квакнато таму и молчи, се таи во себе.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кокошките, веќе одврзани, се таеја во ќошот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Полека темното слегува кон долината и го потиснува здивот што се таи во млаките.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)