краде (несв.)

По плачот општ се сети дека веста беше болна и танок таа пушти крик, да, како лавица, што дрско ловците ја гонат и плодот ѝ го крадат прв ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Последниот нејзин жител – полјакот Аврам, кој што беше страв и трепет за децата што идеа во бавчите да крадат праски умре за време на војната и на негово место не дојде никој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ти си отишол во визбата да донесеш дрва и, не знаејќи, си го фатил човекот како краде.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ајдук... Апаш... Божји пари краде.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А ти си ајдук. Крадеш од мајсторот слатки и ги продаваш за цигари, избувнав ненадејно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Подобро нека ти го гледаат срамот одошто да крадеш, зашто во куќа каде се краде, - напредок нема!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Расневме заедно, заедно крадевме вишни и иста судба секогаш имавме ние.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Си крадел страчкини јајца, ќе крадеш и мисиркини, па дури и мисирки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Таков беше - не крадеше, ама ги мразеше луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ги виде една старичка од својот прозорец и се прекрсти - безработниците одеа да крадат бостан!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На Башмајсторот никој ништо не му рече, барем не тогаш, но оној престана само да им ги покажува работите, што продолжи да ги краде од дуќаните.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да биде каков сака, оној, можеше да биде и еден од оние, што крадат, требаше само да ја сврти пушката кон она ѕвере, да ја насочи кон неговите ребра, или нишанејќи во нив, барем да го закачеше во задниот колк, сандакон сега ќе ни беше полн така што ќе да ги викневме нагости дури и сите оние волци надвор, и пак да остане за нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Дај луѓе. Дај ги, па ако сакаат нека крадат. Дај ги нив па ако сакаат нека чинат сѐ, што можат, сѐ, што е нивно. Дај, барем еден од нив. О, дај...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле со помошта на сите цртачи од селото дознав дека некаков голем крокодил им ја краде стоката, дури напаѓа и на луѓе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таа му рекла: „Не крадам од никого. Овие тревчиња се селски и на сите.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
13. ПОАРНО ЧОВЕК ДА ПРОСИ, ОДОШТО ДА КРАДЕ - и просеше тој и крадеше, но арно му не е, кога наутро сонцето на небото ќе се здаде гледајќи го жалосен и жално му се смее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
20. КОЈ СИ КРАДЕ ОД СОНОТ, СИ КРАДЕ ОД ВЕКОТ - спанковците би биле најчесните во тој однос, единствена грижа уште ќе му остане на секој пред спиење да си легне поудобно и згодно...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе