пора (ж.)
Прегнете волој а широки ниви, фрлајте плодни зрна, земјата сега вечно е ваша, порите бразди црни!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Првпат во секоја пора на неговата здрава кожа се забуцнуваше по една остра усвитеност, првпат по челото течеше крвава нејасност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Секоја пора, секој здив - сѐ во неа сакаше, лудо копнееше да сподели за успехот, за радоста, за оваа незаборавна вечер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како капка вода да се обиде да пробие од кожата под стаклото на окалките, за да не најде отворена пора и да се разлее полека кон темниот печат на едната страна на врелото лице.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Под високото млечно небо тогаш се зрачеше, зацарувајќи, со онаа заискрена топлина, што се плискаше од сите разискрени пори на небото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ко цвет ни се отвораат и порите на кожата што си ја танчиме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И ние, во нашето семејство, бевме загрижени поради исчезнувањето на Чанга и судбината на нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зашто улиците беа како еден огромен јазик, и додека луѓето минуваа по нив вкусот на нивните ѓонови се впиваше во длабините на камените пори за да биде испитан со лакмус.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во распаднатото, фрагментарно, постмодерно време кое ги брише сите граници и хиерархии, кое со својата општа огледало-структура им дава право на сите и на сите право на сѐ, во време на персонализација, време на исчезнување на границите помеѓу високо и ниско, помеѓу уметност и неуметност, во време на рамнодушна консументска булимија, во време на атрофија на чувствата - на ѓубрето сите врати му се ширум отворени, ѓубрето навлегува во сите пори на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Националистичкиот кич во воениот кошмар ја засилува стратегијата на заведување и како вирус навлегува во сите пори на дневниот живот, претворајќи го ужасот на реалноста во - ужас на прошлоста.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Гласови од утробата му ја шепотат радоста на будењето. Неродено дете, илузијата за промените го дои заборавот за крвавите пори што ги наследуваш. 66 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Уште по патот од станицата, мајското сонце го натера да се почувствува нечист и обледнет, како суштество од затворен простор, со лондонскиот чад во порите од кожата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Те сакав со сите пори на моето тело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сите пори му се отворија, испаруваа кон неа и очекуваа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сетилата го исполнуваа до најситните пори на кожата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во најсуптилните пори на умот се крие тајната на животот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)