црвено (прил.)
Пенчо се понаведна кон мене; забавувајќи ги чекорите се насмевна од краевите на немирните очи. Црвено ме гледаше, црно говореше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во неговите очи од таа крв, од тој сок на отворениот непознат и пак толкупати виден цвет, сѐ е црвено.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Темничината продолжуваше да пламнува црвено и тој еднаш толку добро го виде тоа, што за миг ги имаше испозагубено веќе сите свои мисли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговото лице сега беше црвено од потта и на места лилаво и модро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа еден бакарен јамак, во кој предмалку стави еден грст грав и го дополни со вода, под водата гравот се белееше многу побело од снегот и зрната жевареа испрекршувајќи се во одблесокот, а сега сиот грав имаше жебурави лушпи додека зовираше, и јамакот црвено проблеснуваше со својата загреана бакарна површина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На она што умира во овој миг – му треба страстната душа на мракот Како говор на запалени бои во црвено.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Лицето на Ѓузепо му беше црвено како да боледува од црвен ветер, носот како мегленска пиперка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
НАШЕТО ЗНАМЕ Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави - слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сѐ е црвено наоколу.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И почнав да се облекувам само во црвено: црвен фустан, црвени чорапи, црвени панделки во косата, црвени мартинки на рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ноќ е, августовска и ѕвездана. на крај Кукулино гори трошливата и стара куќа на покојниот Осип Крстин. Дури и небото е црвено од високите пламења.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И само црвени цвеќиња ми идат во умот и сѐ ми се гледа црвено.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Оваа тенденција дава интересна можност за разгледување на зелената боја која боја на состојба „пред светлоста“, на невиноста (младоста): спореди лат. virgo „девица“ со viridis „зелено“. И накрај: во виното (можеби) е вистината Можеби е чудна игра на случајот, што токму виното како мошне стар ритуален и оргијастички напиток ја има поделбата на: црвено, бело и црно вино - иако самата таа поделба е во извесна мера условна, таа сепак останува интересна како факт или како случајно совпаѓање. 108 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Еден кров бутка друг, шилесто е, повредува, крвари долж светилките, долж улиците во сино, во црвено, во жолто...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тој припаѓа на фамилијата зборови бои (црвено, зелено, сино, ...) и она што го прави да значи црвено е точно тоа што не значи зелено, сино, итн. Слично е и за „сино“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Решија чуновите да ги прилагодат на новото време. Дури и ги обоија црвено, а на клунот им цртаа петокраки со срп и чекан.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Црвено лакираните нокти, посебно дотерани за оваа прилика, одлично пасуваа со сината униформа, со само една бела дамка на реверот, која наспроти првата асоцијација, беше од јогуртот во кој утрото го мацаше ѓеврекот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Утринава ми го извадија пердето од десното око. Сега, тазе бистроок, те гледам сета во џиш црвено.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Најпрвин таму пребледува небото, станува розово, црвено, набабрено со пурпур и чиниш одеднаш ќе потече црвенило и ќе ја облее засенчената страна на планината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Наредете да престане овој пекол... Езерото е црвено од крв... Езерото е црвено од крв...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)