црвен (м.)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Некој ќе нѐ подлаже: Ете, онаму, зад шумава, има од вашите, а оттаму, одзад шумата ќе нè дочекаат Црвените. И тоа со вкрстен оган!“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ама стрептомицинот, благодарение на тој Сврделот, тие го имаа колку да ми сакаш од таа помошта што доаѓаше преку Црвениот крст.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Црвените стрелки беа тајни залихи со оружје, сите точно лоцирани и опишани.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Цели сурии потпишувале петиции за преименување на Црвениот плоштад Никој да не знае дека баш црвените не му го дале името на Црвениот плоштад
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)